Хроника

Возило со приколка се преврте на автопатот кон Гевгелија

58-годишен возач од Србија, управувајќи возило од типот „Мерцедес“ со приколка со српски регистарски ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на патот

 

Приколка се преврте на автопатот кон Гевгелија, предизвикувајќи материјална штета, потврдија денес за МИА од Секторот за внатрешни работи – Велес.

„Утрово во осум часот во СВР – Неготино е пријавено дека на автопатот Демир Капи – Гевгелија, по тунелот Т-2, П.З., 58-годишен од Република Србија, управувајќи возило од типот „Мерцедес“ со приколка со српски регистарски ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на патот. Во несреќата е предизвикана само материјална штета“, велат во СПБ – Велес.

Оттаму додаваат дека увидна екипа од СВР – Неготино извршила увид на местото на настанот. За време на увидот, сообраќајот се движел по една лента и е нормализиран во 10:50 часот.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top