Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски и СДС манипулираат со родителите и најмладите, наместо дефектолози ќе се вработуваат партиски војници!

„Герасимовски и СДС манипулираат со чувствата на родителите и најмладите, за да се скријат од деценија расипништво во општина Центар. Кога се крати од сите развојни програми на општината за да се платат судски трошоци од милиони евра, прво решение што му текна на Герасимовски е вработување партиски кадри.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: ВМРО-ДПМНЕ не е против нови вработувања, онаму каде што е потребно. Но, тоа не смее да биде алатка за ублажување на гневот и разочараноста на Центарци. Мора да биде процес кој е транспарентен, со добро образложение и оправданост.

Моментот на оваа одлука се поклопува точно со судската пресуда, Центар да врати 2,5 милиони евра оштета на градежна компанија од Гостивар, поради раскинување на договор за изградба на катна гаража. Јасна е целта.

Ако Герасимовски четири години раководи со општината, а СДС повеќе од една деценија, и проблемот со недостигот на технички персонал и дефектолози е толкав колку што го опишува, вистинското прашањето е зошто овој недостиг не е решен со време, туку се актуелизира токму сега, наведува ВМРО ДПМНЕ во свето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Меџити: На плоштадот „Скендербег“ ќе се гради Албанска библиотека

Владата ја одобрила одлуката за пренос на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на општина Чаир, со што се отстранува и последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот.

To top