Македонија

Шасивари, Ферати и Сулејмани се новите министри во Владата

Предложени да ги предводат Министерството за правда, Министерството за односи меѓу заедниците и Министерството за култура и туризам

По синоќешната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат, како што велат од партијата, личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

Во новиот владин состав, како што соопштија од ВРЕДИ, продолжуваат да ги извршуваат своите функции: Беким Сали – како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши – како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа – како министер за животна средина и просторно планирање.

„Вреди решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето.

Со овој тим, Вреди повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, порачаа од партијата.

Најнови вести од: Македонија

Монтеро во „Ел Паис“ за Сиљановска-Давкова: Светот ќе го спасат добрите политичари што ја негуваат поезијата во срцето

Објавата во највлијателниот шпански весник ја пренесува приказната за Македонија за македонскиот поетски фестивал и за културната дипломатија директно до широката шпанска и меѓународна публика

Професорката која зема мито од студент доби забрана за работа

Во реакцијата на Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип, се наведува дека во академската заедница нема место за лица што ја злоупотребуваат својата позиција, го нарушуваат интегритетот на образованието и ја изневеруваат довербата што им е дадена

To top