Македонија

Нова компостара во градинката „Орце Николов“

Општина Карпош

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите се од исклучително значење за иднината на локалната заедница.

При посетата, градоначалникот ја искористи можноста да ги посети дечињата во градинката, да поразговара со нив и да им посака безгрижно детство исполено со нови знаења и убави искуства. Донираниот компостер од типот K390-AL-KO ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран.

Во процесот активно ќе бидат вклучени и децата кои преку практични активности ќе имаат можност да научат како органскиот отпад може да се претвори во природно ѓубриво – компост, кое понатаму ќе се користи за одржување на зелените површини во дворот на градинката. Целта на овој проект е да ги научиме децата уште од најмала возраст на навики и практични знаења кои се во насока на поголема свест за паметно селектирање, одложување и искористување на отпадот, како и поголема грижа за животната средина и нашето опкружување.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top