Македонија

Борисов се пофали дека лично го изработил предлогот до Европскиот парламент за Македонија

Експремиерот на Бугарија стоел зад бришењето на „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на ЕП

Одговарајќи на новинарски прашања, лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, се пофали дека лично тој го изработил предлогот до Европскиот парламент, со кој беше избришана формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија.

Пред две недели Европскиот парламент го измени предлог-извештајот подготвен од известувачот за Македонија, Томас Вајц од Австрија, кој претходно беше изгласан од Комитетот за надворешни односи со блокирањето на амандманите од бугарските европратеници од нивни колеги од партијата ФИДЕС на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Бришењето на „македонски јазик и идентитет“ на пленарната седница на Парламентот се случи по заеднички предлог од европратениците Анджеј Халицки од Европската народна партија (ЕПП), Кетлин ван Бремпт од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна од либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ).

Заменикот на Борисов во ГЕРБ, европратеникот Андреј Ковачев, е потпретседател на групата на ЕПП во Европскиот парламент.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top