Колумни

Се продава ли вера за вечера ако немаш вера, прашува Чилиманов за состојбите во СДСМ

Деновиве гледаме дека дури и ботовите на Бихаќка се поделени

Во колумна за Република новинарот и политички аналитичар Цветин Чилиманов дава анализа на состојбите во СДСМ но и во албанскиот блок.

 

На почеток Чилиманов поставува иронично прашање за СДСМ на кој самиот одговара користејќи неколку важни поенти.

 

,,Дали можеш да продадеш вера за вечера ако немаш вера? Оваа дилема ме мачи по последната рунда делби и фракционерство во СДСМ, кога Венко-Заевистичкото крило ја употреби оваа архаична изрека за да го искара политичкиот аналитичар Петар Арсовски дека ја продал партијата. Според соопштението, Пеѓа ја продал својата социјал-демократска вера за вечера во гурманскиот сокак крај хотелот Лимак каде што се одржа собирот на ушемените незадоволни ес-де-есовци.

Триумвиратот Заев, Фрчко и Филипче мислеа дека ги надминаа фракционерствата во партијата по заминувањето на пола од кумановското крило и други ЗНАМ функционери, а потоа и на Шилегов и Деспотовски (чиј пребег навести дека и Шекеринска има замешано прсти во делбите во „државотворната“ партија. Не е сосем точно дека Филипче ги преброде овие проблеми бидејќи поради нив партијата падна на историски најниско ниво на локалните избори на кои остана со дузина градоначалници, а во меѓувреме со половина од нив се испокара. Филипче сепак се тешеше дека СДСМ го достигнале дното, а дека сега било ред на ВМРО да почне да паѓа во анкетите. Но овие влажни соништа, во кои не знаеме дали сериозно и самиот верува или ги шири за колку-толку одржување на внатрепартискиот морал, се распрснаа деновиве со новиот, уште посериозен раскол во партијата. Поранешни видни функционери од неколку фракции, дали од крилото на Црвенковски, дали на Шекеринска, дали на Пендаровски, па дури и Тачевисти, јавно се собраа да му порачаат на муртинското крило дека нивното време на управување со партијата заврши.

Согласно новата пропагандна тактика на СДСМ, водена од таткото и синот Фрчкоски, секое фракционерство и поинакво мислење мора да се сузбива со максимален медиумски напад – еретиците се прогласуваат за продадени, корумпирани политичари уценувани од власта (како се најдоа толку корумпирани во анти-корупциската партија?), се упатуваат со закани за исклучување од партија (кои Филипче потоа на негов срам не може да ги реализира) и се пуштаат партиските ботови да плукаат по непослушните (иако деновиве гледаме дека дури и ботовите им се поделени). Така и дојде до објавувањето партиски соопштенија против Петар Арсовски, и веќе легендарното обвинување дека „ја продал верата за вечера“, пишува Чилиманов.

Без никаква намера да го брани Арсовски, Чилиманов чија лична желба за поделбите во СДСМ е да траат што е можно подолго и ако може сите страни да изгубат, се осврнува на социјал-демократската вера и кој и кога и за што ја продал.

,,СДСМ се наследници на комунистичкото-социјалистичкото движење, односно на работничкото движење. Гледате работници кај нив денес? Левицата го девастираше македонското село да го ослабне конзервативното јадро на Македонија и да ги натера селаните да бидат закрепостени работници (врзани за државни работни места на милост и немилост на партијата, без сопствен имот), а потоа во 1990ите ја девастираа и македонската индустрија, уништувајќи огромен дел од работничката класа. Денес работниците (фабрички или индивидуалните мајстори и занаетчии) се најверните гласачи на десницата – феномен кој може да се забележи и во многу други држави, а левицата е партија на високата јавна администрација, студентите и невладиниот сектор и на етничките малцинства (иако СДСМ ги губат студентите во полза на порадикалните леви партии, а етничките малцинства не само што не ги владеат туку видовме и како им стануваат потчинети кога се во коалиција)”, пишува Чилиманов во својата колумна.

 

Ако се потврдат шпекулациите дека и Шекеринска е вклучена во внатрепартискиот пуч, лесно може да се случи меѓународната поддршка – доколку дојде до такво нешто – да биде насочена против Заев и Филипче, анализира Чилиманов во колумната за Република.

Најнови вести од: Колумни

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Европска комисија: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

To top