Македонија

Утре средба Мицкоски – Кос: Во фокус европската интеграција и реформите

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, на 8 јули 2026 година во 12 часот и 10 минути ќе ја пречека еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Предвидена е лице-в-лице средба меѓу премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе се одржи средба со владини претставници.

Во 13:20 часот е закажана заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, на која ќе бидат изнесени информации за темите на разговорите и идната соработка, информираат од прес службата на владата.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top