Македонија

Злоупoтребите на државните возила паднале за 70 проценти по вовдеувањето на црвените таблички

Црвените таблички на службените возила се покажаа како добра мерка за стопирање на приватните пазарења

Црвените таблички на службените возила се покажаа како добра мерка за стопирање на приватните пазарења, вршење на секакви само не службени обврски или семејни патувањаи шопинзи во странство… Злоупотребите се намалиле за 70 проценти, соопштуваат надлежните.

-Се надевам дека граѓаните се доволно свесни, разумни, можат да сликаат, можат да пријават на телефонскиот број и на меил адресата каде што ги имаме објавено од службата и ние да ги споделиме со вас медиумите, па ете ако не разбрале како треба да се однесуваат со државниот имот и со сопственоста на народот, тогаш да им покажеме на дело, изјави Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

Томовски најавува и пилот проект за воведување електрични возила во возниот парк на институциите.

-Планот ни е да набавиме три електрични возила за во Градот Скопје, каде што ги користат нашите курирски служби, оние луѓе кои што разнесуваат дневно документи од институција во институција и тоа ќе ни биде онака пилот проект да видиме дали е издржливо и дали можеме во нашата држава со онаа инфраструктура која што ја имаме за полначи на батериите, дали може да се издржи, изјави Томовски

Иако злоупотребите не се целосно искоренети, од СОЗР оценуваат дека црвените таблички ја зголемиле транспарентноста, одговорноста и јавната контрола врз користењето на службените возила.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top