Бизнис

Нов поттик за пристап до капитал на домашните компании – Македонска берза и ЕБОР со проект за пазарно финансирање

До 1 септември десет македонски компании ќе добијат шанса да се подготват за Берза.

Македонска берза, Европската банка за обнова и развој и Македонија официјално го презентираа новиот Проект за подготовка на домашните компании за финансирање преку пазарот на капитал. Оваа иницијатива е во функција на понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал и создавање нови финансиски инструменти и издавачи на Берзата. Во рамките на овој проект ќе бидат избрани до десет компании што имаат амбициозни развојни планови и сериозен интерес во иднина да ги разгледаат можностите за прибирање капитал преку издавање акции или корпоративни обврзници. 

  • „Македонските компании не треба да имаат само една врата до капиталот. Банкарскиот кредит е важен, но не е мудро секогаш да биде единствениот избор. На Македонија не ѝ недостига капитал. И недостигаат повеќе компании што се подготвени да го привлечат тој капитал од различни видови инвеститори, вклучително и физичките лица. Затоа ние како Македонска берза постојано зборуваме за ИПО и пазарно финансирање. Тоа е наша мисија. Сведоци сме на позитивно раздвижување во овој домен во нашиот регион. Проектот со ЕБОР е обид и ние да станеме дел од овој тренд.“ изјави Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.

ЕБОР повеќе од три децении го поддржува приватниот сектор во земјава и го препознава значењето на развивањето на локалниот пазар на капитал во насока на подобрување на долгорочната конкурентност на компаниите. Банката останува посветена на поддршката на приватниот сектор преку разни механизми за пристап до финансии и нефинансиски услуги.

Проектот ќе биде имплементиран од PwC Македонија и PwC Хрватска, кои ќе понудат експертска поддршка преку обезбедување индивидуален пристап во проценката на подготвеноста на секоја компанија – учесничка во прокетот. Наменет е за компании кои имаат потенцијал за раст, планираат нов инвестициски циклус, размислуваат за генерациска сукцесија преку акционерство и сакаат да добијат независна стручна проценка за нивната подготвеност за иден пристап на пазарот на капитал.

Избраните компании ќе учествуваат на дводневна лидерска академија наменета за сопствениците и највисокото раководство, каде ќе се обработува процесот на издавање хартии од вредност, очекувањата на инвеститорите, вреднувањето на компаниите, регулаторната усогласеност, корпоративното управување и односите со инвестициската јавност. Потоа, секоја компанија ќе помине низ детална индивидуална проценка на подготвеноста за евентуално издавање акции или обврзници, а по завршувањето на истата, консултантите ќе изготват детален извештај со конкретни препораки и насоки за понатамошните чекори на компаниите.

ЕБОР ќе обезбеди грант со којшто ќе покријат 60–70% од трошоците, додека избраните компании ќе учествуваат со кофинансирање од 30–40%. Крајниот рок за аплицирање на заинтересираните е 1 септември 2026 година. Воедно, беше најавено дека компаниите што по завршувањето на овој проект ќе донесат конкретна одлука за издавање акции или обврзници на Македонска берза ќе имаат можност да добијат дополнителна поддршка од ЕБОР, односно начелно е договорен последователен проект за техничка и финансиска помош за оперативната реализација на потенцијалните иницијални јавни понуди. Проектот е поддржан со финансиска помош од Европска Унија.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top