Македонија

Вонвременскиот завет на македонскиот војвода Васил Чакаларов: Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!

На денешен ден, на 9 јули 1913 година кај леринското село Бел Камен во Егејска Македонија во борба со грчките војници загинува костурскиот војвода Васил Чакаларов, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Под негово водство опстојува најголемата ослободена територија во Македонија по Илинденското востание до 27 август 1903 година. Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили. На 4 јули 1913 година во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Наредниот ден таа е растурена. Тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули во близина на Бел Камен. Тука тој загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин, каде што на сиот глас викале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“ Покрај храброста и јунаштвата во неговата револуционерна борба за слободата на Македонија и македонскиот народ, легендарниот македонски војвода Чакаларов ќе остане запаметен и по неговата порака, која е своевиден вонвременски завет за сите македонски поколенија: „Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!“

Васил Чакаларов (Смрдеш, Костурско,1874 — Бел Камен, Леринско, 9 јули 1913) е  македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Учел во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрлил да учи во бугарско егзархиско училиште. Завршил четврто одделение и паралелно работел со својот татко на градби низ Егејска Македонија и Грција. Во 1894 година запаѓа во костурскиот затвор, но успеал да избега и да се засолни во Бугарија. Таму работел како кондураџија, каменоделец и sидар, а при престој во Шумен завршил вечерна гимназија.

Илинденско востание

Во 1901 година Чакаларов се преселил во Софија, каде што станал претседател на Костурското добротворно друштво, кое било дел од Македонскиот комитет. Таму учествувал во активностите на Комитетот и станал близок пријател со тогашниот претседател на МК, Борис Сарафов. Бил врховист, но кога увидел дека врховистите се борат за Бугарската егзархија, се префрлил во ТМОРО. Во Бугарија ја помага и револуционерната активност и на Македонската револуционерна организација.

На 20 јули (стар стил) Илинденското востание се кренало и во Костурско со околу 2.000 востаници. На 23 јули е заземена Клисура. На 28 јули четите на Лазар Поп Трајков и Васил Чакаларов имале борба со турскиот аскер, а на 29 јули кај селото Д’мбени имале борба со турската војска која траела 6 часа, по што Турците се повлекле во Костур. На 12 август, по голема борба, предводена од Чакаларов, била заземена Невеска, но востаниците веднаш потоа морале да се повлечат. После многу борби на 27 август е донесено решение за повлекување на четите од Костурско, за да се заштити населението од 15.000 аскер. Во екот на востанието Чакаларов бил иницијатор за испраќање мемоар во име на костурски претставници за турските sверства во Костурско. Мемоарот на 30 август бил испратен до странските дипломатите во Битола. Васил Чакаларов предводел здружена чета од 450 души.

Балкански војни

Во Втората балканска војна Чакаларов и Иван Попов организирале голема чета, која требало да ја вознемирува грчката армија од заднина. Во средината на јуни 1913 година од Дојран за Костурско заминале со војводите и четниците, а меѓу нив биле Христо Цветков, Илија Димушев, Никола Иванов, Дончо Лазаров, Карамфилович, Панде Сидов и други. На 17 јуни во Фурка 160 четници и војници ги растуриле српско-грчките делови, а кај селата Стојаково и Богданци разбиле 80 грчки војници. Потоа ги зазеле Гевгелија, а кај Тушин повторно се судриле со грчки сили. На 19 јуни Гевгелија повторно била во грчки раце и поголемиот дел од четите се повлекол.

Смрт

Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Иван Попов и Панде Сидов заминале за Баница, каде на 5 јули биле поразени. Истиот ден и четата на Чакаларов е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел Камен.

Тука Чакаларов загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин каде на сиот глас викале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“  Потоа грчки капетан го удрил со главата Илија Димушев и го присилил да ја носи на чело на процесот. Српски офицер не им дозволил да продолжат и протестирал пред Грците. Тие главата му ја дале на епитропот од црквата „Св. Панталејмон“, а тој ја погребал на гробиштата. Дваесет и шест души од четата на Чакаларов биле судени во Солун од воен трибунал и добиле разни казни.

 

„Википедија“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top