Македонија

„Н.М.“: Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, а Трамп ја смести Европа во трета лига!

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека ‘Европа станува земја од Третиот Свет’ не употреби само навредлива политичка квалификација. Во јавниот говор денес ‘Трет Свет’ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Со текот на времето, поимот почна да означува не политичка припадност, туку степен на развој. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел зборува за ‘прва и втора ЕУ-лига’, Трамп ја смести Европа во трета лига“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Покрај другото, во анализата се истакнува: Во изјавата на Трамп изразот „Трет Свет“служи како политичка метафора. Голем број од државите, што порано се нарекуваа „земји од Третиот Свет“, имаа ниски приходи, слаб индустриски развој, нестабилни политички системи, висока корупција и чести оружени конфликти.

„Пораката на Трамп е јасна: ако Европа продолжи да прима голем број мигранти, особено нелегални, според неговата логика ќе ги преземе и проблемите што тој ги поврзува со државите од кои тие доаѓаат, а тоа се криминал, слабеење на институциите, несигурност, пад на животниот стандард итн. Трамп сака да создаде впечаток дека европските општества се движат кон модел на нестабилност. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – велат политиколозите, со кои се консултира „Нова Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top