Македонија

Бугарски аналитичар открива кој стои зад бугарското вето за Македонија (ВИДЕО)

Уште лани било јасно кој ги влече конците за Македонија во Софија

Бугарскиот политички аналитичар Владимир Владимиров во видео кое досега било малку експлоатирано од македонските медиуми, тврди дека бугарското вето кон Македонија е резултат на влијанието на политичари кои, според него, работат во интерес на Русија.

Целта на овие политичари кои ја спроведуваат руската политика е да го попречат проширувањето на Европската Унија.

Тој понатаму објаснува дека, според неговото мислење, Македонците и Бугарите немаат суштински меѓусебни проблеми.

Владимиров смета дека сегашниот конфликт е пред сè политички конструиран, со цел да се создаваат поделби и непотребни тензии меѓу двата народа.

Интервјуто на Ицо Најдовски Перин со Владимиров објавено лани во видеото

Најнови вести од: Македонија

МАНУ го препозна бакарот и повика на одржливо рударство – Дали проектот „Иловица-Штука“ ќе е тест за индустријата?!

Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот, среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број на наметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење.

Објавена конечната ранг-листа за Средното полициско училиште „7-ми Мај“

МВР ја објави конечната ранг-листа на примените ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ и ги информира кандидатите за понатамошните чекори пред почетокот на школувањето. Примените ученици на 1 септември 2026 година во 10 часот треба да бидат присутни во Полициската академија на МВР во Идризово, заедно со еден родител, старател или законски застапник, кој […]

Привремено се затвораат подрачните училишта во Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче во делчевскиот крај, нема ученици

Четирите подрачни училишта во општина Делчево привремено ќе престанат со работа, поради големото намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката беше изгласана на седница на Советот на Општина Делчево по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

Барањата на земјоделците се легитимни, премиерот рече дека Владата ќе направи се да им помогне

Премиерот оцени дека барањата на земјоделците струмичко кои најавија протести се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

Водата во четири тетовски села е забранета за пиење!

„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено оти водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“.

To top