Бизнис

Наесен тендери за железничките линии Центар – Ѓорче Петров и Центар – Илинден

Со проектот за градскиот воз целта е Скопје да заличи на метропола, вели министерот за транспорт Николоски

Откако ќе профункционира жечезничката линија Зелениково – Центар на 1 септември, ќе бидат распишани тендери и за линиите Центар – Ѓорче Петров и Центар – Илинден, најави министерот за транспорт Александар Николоски.

„Во Скопје воведуваме градски воз, Скопје да заличи на метропола како сите големи метрополи. Од 1 септември ќе стартува првата линија Зелениково – Драчево – Лисиче – Аеродром – Центар, а веќе во втората половина на оваа година ќе одиме со тендерирање и на другите две линии од Центар до Ѓорче Петров и од Центар до Илинден“, истакна Николоски во поткастот „Радар“, додавајќи дека веќе е завршена железничката обиколница Драчево – Илинден, со која товарните возови нема да поминуваат низ Скопје.

Министерот потсети и дека во јануари минатата година беше пуштена во употреба пругата Куманово – Бељаковце, долга 31 километар, во тек е изградбата и на делницата Бељаковце – Крива Паланка, долга 34 километри, а следна е пругата до границата со Бугарија.

За 18 проценти е зголемен товарниот транспорт и е забрзан железничкиот превоз на Коридорот 10 на граничните точки преку олеснување на процедурите. Паралелно се подготвува и проектот за брза пруга, за која првите активности на терен би можеле да почнат наесен.

Обезбедена е и набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, а во соработка со Светска банка ќе бидат набавени и нови патнички возови.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Рекорден број на патници, македонските аеродроми со најголем раст

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период

To top