Македонија

Осветен крстот во Кочани поставен во спомен на настраданите од „Пулс“

Со заедничка молитва им беше оддадена почит на жртвите во трагедијата во кочанската дискотека

На големиот христијански празник Петровден денеска во Кочани беше осветен крстот на кружниот тек кај хотел „Национал“ поставен во спомен на жртвите од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Во присуство на членови на семејствата, верници и граѓани, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ беше извршена света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички, г. Иларион, а по неа се изврши и чинот на осветување на крстот.

Верското обележје на влезот во градот е високо 17 метри, а беше поставено пред два дена.

Најнови вести од: Македонија

To top