Македонија

Шефицата на Антикорупциска ќе поднесе оставка

Oткако против Татјана Димитровскa беше поднесено обвинение во врска со случајот „Адитив’

 

Оставката ќе биде официјализирана во текот на денот, а потоа на потег ќе биде собранието да ја констатира и да избере нов член, дознава Сител од извори блиски до ДКСК.

Обвинителството ја сомничи Татјана Димитровска за две дела поврзани со овој случај- според истрагата таа незаконски се стекнала со сертификат за државна тајна а потоа и го злоупотребила оддавајќи тајни информации на осомничен во случајот Адитив.

Ова е првпат претседател на Антикорупциска комисија да се соочи со кривично гонење додека е на функција.

Настанот предизвика силни реакции во јавноста, а повеќе граѓански организации повикаа на целосно расчистување на случајот и транспарентност во постапката.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top