Македонија

Сашко Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Примопредавање од досегашниот министер Азир Алиу

Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, денеска официјално ја презеде функцијата министер за здравство.

Во Министерството за здравство се изврши примопредавање на должноста од досегашниот министер Азир Алиу на новиот министер Сашко Клековски.

На средбата се разговарало за досегашните проекти, тековните процеси и активностите што биле во фокусот на Министерството во изминатиот период.

Алиу, кој беше избран за министер во јуни минатата година, не откри каде точно ќе продолжи својата кариера, но увери дека ќе продолжи да придонесува за општеството. Тој најави дека ќе ја следи реализацијата на проектите што ги започнал и дека ќе биде гласен ако тие не продолжат во правилна насока.

„Секој млад денеска станува со телефонот во рака и се информира што се случува во државата. Затоа ценам дека треба да се продолжи со дигитализацијата. Јас и после оваа недела ќе вложам напори, индиректно… ќе бидам и гласен за нешто што јас длабоко верувам дека треба да се продолжи“, рече Алиу пред две недели.

Тој додаде дека не планира да се повлече од активниот живот, туку да продолжи да работи во корист на општеството.

Реконструкцијата на Владата продолжува, а со доаѓањето на Клековски се очекува нов импулс во работата на Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

„Плус инфо“: Падна наместениот политички случај против ВМРО ДПМНЕ – Груевски доби ослободителни пресуди за „Талир 1“ и „Талир 2“

Поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителни пресуди во предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, со што по речиси една деценија се затвораат едни од најекспонираните случаи поврзани со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно падна и предметот „Талир 1“, во кој Груевски беше обвинет за незаконско финансирање на партијата. И во тој случај Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда. Ова го објави информативниот портал „Плус инфо“.

Мицкоски: Пратеникот Филипче никаде го нема во Собранието во расправи за прашања, суштински за државата, а го има секаде, за да ја блокира на патот кон ЕУ!

„Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Тој како пратеник, кој зема плата од даноците, што ги плаќаат македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска расправа во Собранието, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања.“ – нагласува премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Хајредини не гледа причина да му се извини на Костовски

Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, изјави: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка“

To top