Македонија

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), повикувајќи се на наодите од ревизорскиот извештај за 2024 година.

На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Банов, изјави дека според Државниот завод за ревизија, во текот на 2024 година биле отпишани повеќе од три милиони денари долгови, од кои 2,221 милиони денари се однесуваат на физички лица, а 912 илјади денари на компании. Според него, останале ненаплатени и 247 илјади денари данок на личен доход.

Банов посочи дека ревизорите констатирале дека постои „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“, оценувајќи дека ваквите наоди бараат институционална истрага.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат обвинителството да ги испита сите околности околу отпишувањето на долговите, како и да утврди дали со тоа е нанесена штета на државниот буџет.

Партијата, исто така, побара од раководството на ПОЦ и од Општина Центар јавно да соопштат кои физички и правни лица добиле отпис на долговите, како и дали меѓу нив има лица или компании поврзани со СДС.

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека јавноста заслужува целосна транспарентност за начинот на кој се користеле средствата на граѓаните во Општина Центар.

Најнови вести од: Македонија

Уапсен А.М.Б. (41) од Англија, мавал со камења кон даночни контролори кај „Камени кукли“, сопруг е на кратовката, која го узурпираше јавниот локалитет, барајќи пари за влез

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Вчера околу пладнето полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Јавноста пред неколку месеци сведочеше за случајот во кој токму на овој локалитет, жената од Кратово нелегално барала наплата на влезници, узурпирајќи го јавниот локалитет. Британецот е сопруг на оваа кратовка.

Мицкоски: На 15 јули на ЕУ ѝ е доставен документ со целосно исполнети обврски! – Реформите продолжуваат и покрај блокадите на изборниот закон!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули на Европската Унија ѝ е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда.

Сомнежи на полицијата: ЈП „Водовод“ и општина Гостивар со три пумпи вбризгувале отпадни води во гостиварскиот водовод и го загрозиле здравјето на граѓаните!

Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. – Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Манасиевски: Коалицијата СДС-Левица-ДУИ го спречи изборниот закон, за да глумат жртви и да имаат алиби за следните избори, кои историски ќе ги загубат!

„Опозицијата доби бланко-лист за исполнување желби за изборниот закон, но го одбија, за да глумат жртви. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ сметаат дека тоа ќе им донесе политички поен повеќе.“ – соопшти портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Најнови вести

To top