Коментари

Ода за ,,Интелектуалната Балканштина” на Румена Бужаровска

Двојни стандарди кај македонската интелектуалка

Писателката Румена Бужаровска се најде во центарот на нова полемика откако нејзините две јавни реакции во период од неколку месеци открија очигледни двојни стандарди во однос на почитувањето на авторските права.

На 24 јули 2026 година, Бужаровска со право го критикувала Прилепскиот театар што во своја претстава го адаптирал култниот роман на Џ. Д. Селинџер „Ловецот во ’ржта“ без да обезбеди авторски права.

Меѓутоа, на 17 март 2026 година, истата авторка јавно ја дала својата поддршка на здружението ИРЛ Македонија, кое за документарен филм финансиран од МРТ користело авторски дела на Љупчо Златев, Бранко Героски, Кристијан Ландов и Богдан Илиевски, исто така без соодветни авторски права.

Документарниот филм беше суспендиран од платформата YouTube, а правниците на компанијата потврдија дека станува збор за прекршување на македонскиот Закон за авторски и сродни права. Против ИРЛ Македонија е покренат и судски процес.

И покрај обвинувањата од ИРЛ дека станува збор за „одлука на компјутер“ и цензура, постојат писмени потврди дека станува збор за јасно кршење на авторските права.

Уредникот на Радио Лидер во својата објава на темата ова поведение го дефинира како класичен пример на „интелектуална балканштина“.

„Интелектуална балканштина е да поддржуваш некого кога прави прекршок, само затоа што ти е пријател, роднина или истомисленик. Според принципите на интелектуалната балканштина, за истиот прекршок тие кои не ти се пријатели, роднини или истомисленици можеш да ги критикуваш. Со еден збор, интелектуална балканштина е кога не гледаш подалеку од носот и личниот интерес“, се наведува во објавата на Златев.

Златев објавува две фотографии за двојните стандарди на Бужаровска

Screenshot
Screenshot

Овој случај повторно ја отвора темата за селективната примена на принципите кај дел од македонските интелектуалци и јавни дејци, каде што ставот често зависи од личните врски и припадноста на „таборот“, а не од самата суштина на прашањето.

Фотографиите од двете контрадикторни објави на Бужаровска на социјалните мрежи јасно ги потврдуваат двојните стандарди.

Дали станува збор за изолиран случај или за поширок феномен на „интелектуална балканштина“ – допрва ќе покаже времето и реакциите на самите актери.

Дел од фотиграфијата е принт скрин од емисија Култ Култура на Телма

Најнови вести од: Коментари

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

Нетпрес: Излезот на Таравари од владата не влијае врз нејзината стабилност, туку ѝ ги зацврстува позициите, оти излезе можниот дестабилизатор!

„Излегувањето на Арбен Таравари од Владата нема апсолутно никако да се одрази од врз нејзината стабилност на Владата. Дури, уште повеќе, се чини дека би се зацврстила во позициите, откако од неа истапува можниот дестабилизирачки чинител!“ – оценува информативната агенција Нетпрес во својата анализа со наслов „Пребегот на Таравари не допира до стабилноста на Владата“. „Нетпрес“ пишува: […]

Четиринаесет години “Плусинфо”: Честитки колеги

Промовирање на демократијата, човековите права, либералната економија, мултиетничкиот карактер на земјата, евроатлантската ориентација и целосната посветеност на македонските стратешки национални интереси беа и остануваат основи на уредувачката политика на порталот „Плусинфо“ во овие 14 години по 365 дена и во десетици и десетици информации, анализи, коментари, интервјуа…биле задача и цел на екипата предводена од основачот […]

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%! Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот […]

Премиере, не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца!

Ужасната трагедија во Кочани ги запре напорите на владејачката коалиција да спроведе кадровска реформа на клучните позиции во правосудството. Имав целосно разбирање за фактот дека во околности кога целата нација беше во жалост и гневна поради она што се случи во Кочани, промената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пример, ќе беше разбрана како […]

Круме Кепески ја развиваше свеста на Македонецот за македонскиот идентитет и јазик, јазикот на Кирил и Методиј, на Климент и Наум

На 8 април 2025 година, по повод 116-тата годишнина од раѓањето на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески (8 април 1909 во Прилеп, — 3 ноември 1988 во Скопје), во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше претставена книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, ќерка на Круме Кепески, како издание на „Македоника […]

Најнови вести

To top