Свет

„Фолксваген“ во загуба од 1,3 милијарди евра поради царините на Трамп

Групацијата „Фолксваген е втор по големина производител на автомобили во светот по „Тојота“

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ соопшти дека претрпел загуба од 1,3 милијарди евра во првата половина од 2025 година поради царините што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат медиуми

За шестмесечниот период, вкупната нето добивка на „Фолксваген“ се намали за 38,5% на годишно ниво на 7,28 милијарди евра.

На лошите финансиски резултати влијаеше и зголемената продажба на електрични возила со помал профит, како и трошоците за реструктуирање.

Сепак, финансискиот директор Арно Антиц изјави дека компанијата е сè уште „на вистинскиот пат“ и дека резултатите се „на горниот крај од очекувањата“ ако се исклучат царините и трошоците за реструктуирање.

Групацијата „Фолксваген“, која обединува 10 брендови на автомобили, е втор по големина производител на автомобили во светот со над 9 милиони произведени возила во 2024 година.

Само јапонската „Тојота“ има поголемо производство со 10.160.000 автомобили…

Најнови вести од: Свет

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, ужасно е тоа што си го прават самите

Според американскиот претседател, кој е во зборовна војна со лидерите на носечките европски земји, пред се, поради ситуацијата со Гренланд, „некои делови од Европа денес се непрепознатливи„. „Ја сакам Европа и сакам таа да оди во вистинската насока, но не оди.“ – посочи Доналд Трамп.

To top