Регион

Вучиќ: Приштина со сила се обидува да наметне правила

Од косовските институции засега нема реакција на изјавата на српскиот претседател.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Приштина дека се обидува да ја фалсификува историјата и дека со притисоци и уривање на викендички на Срби лојални на Србија се обидува со сила да ги наметне своите правила на Косово.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавата дека од 1 август туристичките тури до манастирите на Косово ќе можат да ги водат само водичи одобрени од институциите во Приштина, Вучиќ оцени дека станува збор за удар врз српскиот идентитет.

„Теророт на Приштина трае, но ниту еден терор не траел засекогаш“, изјави Вучиќ при посетата на стаклениот видиковец на Каблар.

Тој рече дека Приштина погрешно ги толкува неговите изјави за почитување на Уставот на Србија, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Повелбата на ОН, додавајќи дека тие ги претставуваат како закана.

Вучиќ исто така ја обвини Приштина дека со години врши притисок врз манастирот Високи Дечани и дека постојано создава нови проблеми за српското монаштво.

Од косовските институции засега нема реакција на изјавата на српскиот претседател.

Најнови вести од: Регион

За обид за убиство, уапсен 19-годишник од Македонија во Црна Гора

А.Т. е осомничен дека се обидел да го елиминира 56-годишниот Марко Љубиша-Кан, кој се смета за член на „Шкаљарски клан“ на балканскиот нарко картел, на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.

To top