Свет

Зеленски подготвен за мировни преговори со Москва

Ќе бидеме подготвени за состаноци во кој било формат и очекуваме Виткоф и Кушнер да бидат активирани уште во август“, рече украинскиот претседател

Украинскиот претседател изјави дека земјата е подготвена за мировни преговори во кој било формат и дека соработката со партнерите продолжува. Зеленски го изјави ова во своето вечерно обраќање во вторник, објави Украинска правда.

Во своето обраќање, синоќа, Зеленски детално зборуваше за контактите со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Секојдневно сме во контакт со претставниците на претседателот Трамп, што е важно. На состанокот во Вашингтон разговаравме за создавање нови околности што би овозможиле вистинска дипломатија и работиме на тоа. Кирил Буданов, Рустем Умјеров, Давид Арахамија и Сергеј Кислицја поднесоа извештаи, секој од својот дел од преговарачкиот процес, за моменталната фаза на преговорите и позицијата на Москва.

Ќе бидеме подготвени за состаноци во кој било формат и очекуваме Виткоф и Кушнер да бидат активирани уште во август“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател, исто така, извести дека работата продолжува со други партнери, вклучувајќи ги и земјите од Персискиот Залив. Тие, според него, би можеле да ги поддржат дипломатските напори и да помогнат во задоволувањето на безбедносните потреби на Украина.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top