Македонија

Вреди: ДУИ делеше работни места како да се подарок од Али Ахмети! – Правичната застапеност не е партиска милостина!

ДУИ го блокира Законот за правична и соодветна застапеност на штета на Албанците, реагира Вреди.

ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена“, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, реагира Вреди. 

„Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше да го донесе законот кога сакаше, но не го направи тоа. Не затоа што не знаеше, туку затоа што не сакаше. Без закон, работните места ги делеа како да се личен подарок од Али Ахмети. Едно работно место – едно семејство како заложник. Ако беше со нив, вратата се отвораше. Ако не беше, остануваше надвор. Токму затоа не им одговараше правичната застапеност да биде право загарантирано со закон“, наведува Вреди. 

Сега, кога Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, истата таа ДУИ го блокира, додава партијата. „Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат. Нив не ги интересира што добиваат Албанците. За нив е важно само ВЛЕН да не постигне успех. Кога се на власт, сè им е добро. Кога ќе останат без фотелји, тогаш треба да запре и државата“, се вели во соопштението.

Но, тој филм повеќе не поминува, се додава. „Охридскиот договор не е тапија на Али Ахмети, ниту сопственост на ДУИ, ниту наследство на луѓето што се држат за фотелјите во Мала Речица. Тој е резултат на жртвата на еден цел народ. Правичната застапеност не е партиска милостина, туку право на граѓаните и обврска на државата. 22 години не го донесоа законот. Сега се обидуваат да го блокираат. Законот мора да продолжи напред, без уцени и без блокади“, порача Вреди

Најнови вести од: Македонија

Шефот му рекол на работникот „Циган“, овој му возвратил со „Шиптар“ – случајот заврши во Комисијата за антидискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф Албанец кон работник од ромска националност.

МНР: Нема отстапки од националните интереси, јазикот, идентитетот и историјата! – СДСМ шири хистерија и ја дезинформира јавноста!

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагираат од МНР.

„Иновативни“ злоупотреби во македонското земјоделство и сточарство: се пријавуваат за субвенции со ушни маркички од угината стока!

Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА.

Ковачки: Измеќарите без исправен грбник, кои со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Најнови вести

To top