Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ со најава за заеднички кандидати во Куманово и Центар

Преговараме и разговараме за да имаме заеднички кандидати. Разговорите се водат во конструктивна насока, но повеќе информации ќе имаме после 15 август

ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ преговараат за заеднички кандидати за градоначалници за две општини, за Куманово и за Центар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Преговараме и разговараме за да имаме заеднички кандидати. Разговорите се водат во конструктивна насока, но повеќе информации ќе имаме после 15 август – рече Мицкоски.

Што се однесува до соработката со коалицијата Вреди на претстојните локални избори, Мицкоски рече дека имаат принципиелен договор дека ќе се поддржуваат во оние општини каде што едната коалиција ќе има кандидат, а другата не.

– Ќе имаме општини каде и двете партии ќе имаме свои кандидати, нормално таму секој ќе го поддржи својот кандидат – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top