Македонија

Признание на претседателката од душа: Имам две државјанства, едно македонско едно вевчанско

Во синонимот за македонска бунтовност, за пркос, отпор, за себепочит и за немирен дух којшто создава, критикува и опстојува

На денот на кој во Вевчани се одбележуваат Вевчанските настани од во 1987 година претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со признание од душа дека со гордост го чува Вевчанскиот пасош кој и бил доделен за поддршката на Вевчанци

Сиљановска-Давкова вчера, во Вевчани, се обратила на Свечената академија „30 години Општина Вевчани“.

,,За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција.

Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка.

Како членка на вевчанската Академија за убави уметности, уште во деведесеттите години говорев, пишував и аргументирав дека Вевчани има право да биде самостојна општина, убедена дека неговата историска, културна и општествена особеност заслужува институционално признание и почит.

Има ли нешто поважно од тоа да се зачува место што е синоним за Виа Игнација, за бунтовност, за отпор, за себепочит и за немирен дух којшто создава, критикува и опстојува, пренесувајќи ги тие вредности од генерација на генерација?

Изразувам искрена благодарност до сите вевчанци кои вградиле дел од себе во развојот на општината.

Честитки, со искрени желби Вевчани и понатаму да остане оригинално, оригинерно и автентично”, објави претседателката.

Поврзана вест

Одбележан денот кога полициските специјалци по налог на ЦеКа удрија со електрични пендреци на македонскиот пркос и достоинство

Минаа 43 години од кога Југославија и светот узнаа за ,,Вевчанскиот пркос”

Најнови вести од: Македонија

Иселувањето има поголемо влијание од наталитетот, реагира демографот Герасимовски

Македонија губи првачиња со рекордно темпо. Демографијата, иселувањето и намалениот наталитет оставаат последици врз бројот на ученици и работната сила, предупредува Дончо Герасимовски.

(Фото): Портокалова фаза, температура до 40 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 13°C до 23°C. Максимална температура: 33°C до 40°C.

To top