Спорт

Фото на денот: Ацевска со сребрениот медал од СП во џиу-џицу

Катерина се надмина себеси по историската бронза за Македонија на минатогодишниот мундијал во Тајланд

Катерина Ацевска во фотографијата на денот со сребрениот медал од Светското првенство во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, со кој се надмина себеси и историската бронза за македонското џиу-џицу на мундијалот минатата година во Тајланд.

„Изморена и среќна. Цело лето се подготвував за ова Светско првенство. Задоволна сум од второто место, иако во Тајланд ја имам победено Русинката која остана без медал, а јас се закитив со бронза. Одиме понатаму, за точно еден месец н очекува Балканско првенство. Јас сум двократен балкански шампион, па зашто тоа да не се продолжи со тоа темпо. Мило ми е што целиот овој труд се исплатеше. Ја оправдав довербата на мојот тренер и на мојата федерација. Се надевам дека сите се задоволни од моите настапи. Се борам со цело срце, ќе продолжам така и понатаму. Сите овие настапи и резултати придонесоа да сум прва на Светската ранг-листа, мислам дека во овој момент сум единствен сениор во цела Македонија кој е прв на светска ранг-листа“, изјави таа за „Ипон.мк“.

Најнови вести од: Спорт

To top