Компанијата Самсунг ( „Samsung“) денес го објави своето учество на Gamescom 2026, кој ќе се одржи во Келнмесе во Келн, Германија, од 26 до 30 август. Таму, компанијата ќе ја претстави својата визија за игри со целосен опсег, која беспрекорно поврзува различни платформи за игри.
Како најголем светски настан за игри, Gamescomпретставува приближно 1.500 компании за софтвер, хардвер и содржина за игри. Настанот привлече 360.000 посетители минатата година, а оваа година се одржува под темата „Игрите поттикнуваат возбуда за иднината“.
Под слоганот „#PlaySamsung“, „Samsung“ ќе претстави низа производи полни со иновативни карактеристики и ќе им понуди на посетителите можност да доживеат иновативно играње на мобилни, компјутерски и конзолни платформи. На изложбениот штанд на компанијата, посетителите можат да доживеат игри на различни платформи преку нејзините клучни нови производи: Odyssey G8, првиот 6K гејмерски монитор во светот; 9100 PRO, SSD со високи перформанси изграден за игри од следната генерација; и Galaxy Z Fold8 Ultra, водечкиот мобилен уред кој го носи мобилното играње на следно ниво.
Имено, Odyssey G8, лансиран во мај 2026 година, обезбедува оптимално искуство при играње со својот двоен режим за лесно префрлување помеѓу режим со ултра висока резолуција 6K на 165 Hz и ултра брз 3K режим на 330 Hz, во зависност од жанрот на играта. Мониторот е компатибилен со G-SYNC™ и поддржува AMD FreeSync™ Premium, елиминирајќи ја дисторзијата и застојот на екранот дури и во игри со графички барања, овозможувајќи им на корисниците да доживеат подобрен квалитет на сликата и импресивно играње.
Во текот на настанот, штандот на компанијата ќе понуди разновидна понуда, вклучувајќи натпревари со популарни наслови на игри како што е серијата Sonic, како и косплеј писта тематски поврзана со искуствата со производите на „Samsung“. Посетителите исто така можат да ја доживеат акционо-авантуристичката игра со отворен свет на Pearl Abyss, Crimson Desert, на 6K екранот на Odyssey G8 со HDR10+ GAMING функции.
На 27 и 28 август, „Samsung“ ќе биде домаќин на Светското финале на #PlayGalaxy Cup, глобална турнирска лига каде што играчите можат да ги доживеат иновативните гејмерски перформанси на Galaxyпаметните телефони. Овој настан ќе започне со специјален натпревар за тројца играчи во PUBG Mobileпомеѓу популарните глобални инфлуенсери за видео игри. Десет тима кои се пласираа преку пет регионални квалификации во Северна Америка, Латинска Америка, Европа, Југоисточна Азија и Југозападна Азија ќе се натпреваруваат за шампионатот.
###
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.