Никола Серафимов имаше двојна причина за славење денеска – на денот кога наполни 27 години со Левски славеа со 1:0 и во реваншот со Каират во Казахстан за пласман во финалето од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите.
Дефанзивецот со 29 настапи и еден гол за македонската репрезентација ги одигра сите 90 минути во дресот на бугарскиот првак и две минути пред крајот доби жолт картон за остар старт.
Ова за Серафимов беше 26. настап за најтрофејниот фудбалски колектив во Бугарија, за кој има постигнато и два гола.
Грчки АЕК ќе биде последната пречка за Левски до групната фаза од ЛШ, а двомечот е закажан за 18 август во Софија и седум дена подоцна во Атина.