Македонија

ДУИ: Во полицијата нема доволно Албанци

Од 549 нови примени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Ова претставува околу 7 проценти од вкупниот број, велат од партијата на Али Ахмети

Демократската унија за интеграција денеска објави дека најновите податоци од Министерството за внатрешни работи, покажувале сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата.

„Од 549 нови примени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Ова претставува околу 7 проценти од вкупниот број.

Истата диспропорција беше забележана и за време на прославата на Денот на полицијата. Од 30-те полицајци одликувани како најдобри, само еден беше Албанец.

Овие два податоци даваат јасна слика за насоката што ја зеде кадровската политика во Министерството за внатрешни работи“ велат од ДУИ..

Оттаму додаваат дека полицијата беше една од главните институции каде што Охридскиот договор донесе длабока промена во застапеноста на Албанците. Фер и соодветна застапеност беше воспоставена како уставен стандард токму за да се обезбеди дека државните институции го одразуваат мултиетничкиот карактер на земјата.

Денес, 25 години по Охридскиот договор, податоците од МВР покажуваат назадување во овој процес.

Помалку од 40 Албанци од 549 нови полицајци и само еден Албанец од 30 одликувани полицајци се конкретни показатели за оваа политика.

ДУИ ќе продолжи да го следи „секој конкурс, унапредување и назначување во Министерството за внатрешни работи и другите државни институции, како и да објавува секој случај на кршење на фер и соодветна застапеност“. велат од ДУИ. /

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top