Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС повторно нема снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

„СДС денес одржа цела прес-конференција, за да докаже нешто, што можеше да го докаже за 30 секунди. А вчера ги повикавме да ја објават снимката, на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори ‘под радарот’. – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Денес излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови. Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката.

Затоа уште еднаш, сосема едноставно: СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски, во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“. Не наслов. Не интерпретација. Изјавата.

Додека ја бараат можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции, порача ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top