Македонија

Радарите не простуваат, 1.576 прекршоци за седум дена

Засилените контроли се спроведувале низ Македонија во рамките на европската операција „Спид“. Полицијата особено ги контролирала патиштата и локациите каде што брзото возење носи зголемен ризик од сообраќајни незгоди.

Дури 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина открила сообраќајната полиција за само седум дена. Контролите се спроведувале од 3 до 9 август во рамките на засилената акција за брзо возење. Акцијата била дел од „ROADPOL Operation Speed“, координирана европска операција во која учествуваат сообраќајните полиции на земјите членки на РОАДПОЛ.

Полициските службеници континуирано ја мереле брзината на возилата. Посебно внимание било насочено кон патиштата и локациите каде што анализите покажуваат зголемен ризик од сообраќајни незгоди поради несоодветна брзина. Од МВР велат дека акцијата е дел од активностите за намалување на бројот и на последиците од сообраќајните незгоди.

Контролите треба да придонесат и за поголема дисциплина и за побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Забранета водата за пиење во Демир Капија

– Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил

Вештачката интелигенција и дигитализацијата во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината
на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското
управување

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

Се намалуваат квотите за упис на бруцоши на сите универзитети, рече Јаневска

Намалени се квотите за упис на струките бизнис-администрација, јавна администрација, како и дел од студиските програми на економските, правните и медицинските факултети. Кај овие струки, вели таа, се јавува поголем број невработени поради заситеноста на пазарот на труд, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад од септември со нов циклус обуки за управување и постапување со отпад

Особено внимание во рамки на обуките ќе биде посветено на детална разработка на законските прописи и нивната примена во практиката, како и на добрите меѓународни практики за одржливо управување со отпад

To top