Македонија

Вештачката интелигенција и дигитализацијата во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината
на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското
управување

На 30 септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на нови компетенции“.

Конференцијата ја организираат Германската стопанска комора во странство и Хајделберг Факултет – Скопје, во партнерство со Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ, Центар за управување со перформанси и контролинг при Франкфуртската школа за финансии и менаџмент, Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС и стопанските комори во Македонија.

Годинешното издание ќе биде посветено на промените кои вештачката интелигенција и дигитализацијата ги носат во контролингот и финансиското управување, како и на новите знаења и вештини кои ќе бидат потребни за успешна работа во професијата. Посебно внимание ќе биде посветено на употребата на податоци и вештачка интелигенција при донесувањето деловни одлуки, дигитализацијата на финансиските процеси, иднината на сметководството и контролингот и управувањето со ризици.

„Контролингот денес не е само известување за минатото, туку систем кој му помага на менаџментот навреме да ги препознае ризиците, правилно да ги насочи ресурсите и да донесува подобри одлуки. Со седмото издание на конференцијата продолжуваме да ја зајакнуваме врската меѓу германското знаење, македонската деловна практика и реалните потреби на компаниите“, истакнува проф. д-р Синиша Наумоски, генерален менаџер на Хајделберг Факултет – Скопје.

Конференцијата ќе опфати две стручни сесии и шест тематски панели, на кои ќе се дискутира за контролингот во технологијата, банкарството, телекомуникациите, производството и осигурувањето, како и за компетенциите што ќе ја обликуваат професијата во наредните години.

„Дигиталните алатки и вештачката интелигенција отвораат големи можности, но нивната вистинска вредност се постигнува кога се поврзани со јасни процеси, релевантни показатели и професионално деловно расудување“, посочува проф. д-р Роналд Глајх, професор по Management Practice & Control и академски директор на Центар за управување со перформанси и контролинг при Франкфуртската школа за финансии и менаџмент.

Во рамки на конференцијата ќе учествуваат финансиски директори, контролери, сметководители, претприемачи, членови на управни и надзорни органи, претставници на финансискиот и индустрискиот сектор, професори, експерти и млади професионалци. К

онференцијата ќе се одржи од 09:30 до 18:00 часот во просториите на Хајделберг Факултет – Скопје, на ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 16. Рокот за пријавување е 29 септември 2026 година, а бројот на учесници е ограничен. За информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат на info@heidelberg.edu.mk или на телефон +389 70 355 656.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top