Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Искрена ли е Бугарија кога вели дека не го оспорува македонскиот идентитет?

Ние Македонците немаме потреба од некакво признавање, затоа што добро знаеме кои сме и што сме, но, негирањето од страна на Бугарија е опасен преседан кој во темел ги поткопува основните човекови права.

Бугарија се уште не се изјаснува околу предлогот за поднесување на заедничка резолуција во Европскиот парламент, за заштита на македонскиот идентитет и јазик.

Една ваква резолуција поддржана од двете држави, меѓу другото, ќе ја врати и зголеми довербата помеѓу Македонија и Бугарија,   наведува во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Со тоа ние ќе стекнеме доверба во нивните намери, кога велат дека проблем за почнување на преговорите со Европската Унија се само внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Но, Бугарија сеуште никаде ја нема да соопшти став по овој предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

Нашето изнесување на овој предлог беше од причина јавно и јасно да се покажат бугарски намери.

Бугарија би го прифатила предлогот и заедно би ја поднеле Резолуцијата, ако е искрена додека вели дека не го оспорува нашиот идентитет и јазик.

И второ, доколку не е искрена, тогаш Бугарија по секоја цена ќе ескивира и нема да ја поддржи идејата за заедничка резолуција.

И во моментов сме сведоци како соседната држава бега од оваа идеја, а со тоа го покажува и нејзиниот вистински став кон Македонија, кој не ниту демократски, ниту добрососедски, а ниту пак човечки“, велат од владејачката партија во денешното соопштение.

„Тоа што се зборува од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот на целосна негација на македонската самобитност, нешто што се поистоветува со ставот на Русија кон Украина и украинскиот народ.

Ние Македонците немаме потреба од некакво признавање, затоа што добро знаеме кои сме и што сме, а и светот добро знае. Но, негирањето кое доаѓа од страна на Бугарија е опасен преседан кој во темел би ги поткопал основните човекови права.

Но, ваквото негирање на цел еден народ на јавна сцена, треба да го вклучи алармот на цивилизираниот европски свет.

Европската Унија не треба да дозволи Македонија да биде жртва на политики и практики од 19 век, кои се политики на негација на самобитноста на македонскиот народ, налик на тие што против Украина ги применува Русија.

Македонија не бара многу, бара само како македонски народ да имаме ист третман како сите останати, затоа што ние сме добар сосед и рамноправен член на НАТО кој активно придонесува кон европската безбедност“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје , светата литургија ќе се одржи на 28. Септември

На 28 септември 2025 година, во центарот на Скопје ќе биде свечено осветен новиот православен храм посветен на светите цареви Константин и Елена, во присуство на верници и високи црковни достоинственици

Во Уставот треба да врати грижата за Македонците од соседните држави, а не да се ставаат „државотворни Бугари“ и со нив агенда за распад на Македонија! (1)

Денес се навршуваат 35 години од донесувањето серија амандмани на Уставот на тогашна Социјалистичка Република Македонија во Собранието, меѓу кои беше и амандманот 58. Со него за првпат беше воведена одредба во еден устав на самостојна и независна Македонија, која се однесуваше на обврската за грижа за македонското малцинство во во Грција, Бугарија и другите соседни држави. Но, поради „Преспанскиот“ и „Бугарскиот договор“, прифатени од претходната Влада, македонската држава се откажа од македонските национални малцинства во тие земји.

Претседателката на Македонија по повод 80-годишнината на ОН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Најнови вести

To top