Македонија

Скопје е многу повеќе од главен евтин град на Европа

Главниот град на Македонија виден од страна и опишан на германски јазик

Главниот град на Македонија има своја објавата во туристичкиот водич Europa.tips кој е на германски јазик.

Под наслов „Skopje Reise 2026 und die schönsten Sehenswürdigkeiten“ Патување во Скопје 2026 и најубавите знаменитости, се дава основен преглед за тоа што германски и други туристи може да го видат овде.

Во текстот се оценува дека Скопје во 2026 година е добра опција за кратка тура за оние што сакаат да ја запознаат Македонија.

Градот е релативно евтин во споредба со западноевропските престолнини, особено за храна и локален транспорт, пишува блогот.

Колку денови се потребни за да се доживее Скопје?

– 2 дена се доволни за главните градски знаменитости.
– 3 дена се подобри ако сакате да го посетите и кањонот Матка, околу 17 км од центарот или планината Водно со Милениумскиот крст.

Што да се види?

Авторот препорачува пешачка рута:
Стар чаршија (Eski Çarşı / Alter Basar) кој е најинтересниот дел според авторот.
,,Османлиски карактер, тесни улички, продавници, кафулиња, цркви, џамии, анови. Најдобро наутро.

Камениот мост – симбол на градот, ја поврзува чаршијата со плоштадот.
Тврдина Кале – поглед кон градот и долината на Вардар.
Плоштад Македонија – модерен дел со големи статуи, вклучувајќи ја статуата „Воин на коњ“ / Александар Велики), неокласични згради”, препорачува Europe.tips каде пишува и за модернистичко/бруталистичката архитектура од обновата по земјотресот во 1963 година вклучувајќи влијание на јапонскиот архитект Кензо Танге.

Авторот истакнува дека Скопје е интересно токму поради мешавината на епохи: османлиска чаршија, средновековни елементи, модерна национална архитектура и пост-земјотресна модерна градба – сè на неколку минути одење.

Градот е компактен – главните атракции во центарот се лесно достапни пеш.

Текстот е личен искуствен водич со совети за транспорт, храна и атмосфера кој може да се препорача на странци но и на домашни туристи.

Најнови вести од: Македонија

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

To top