Македонија

Сопи се потсмева со Османи: Се чудите сега на многуте дупки и нечистотија на улиците во Чаир, а не ги гледавте 20 години, возејќи се со автомобилите со црни прозорци!

Актерски предизборни мајтапења и иронизирања со Бујар Османи, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир

„Актерот Хасим Мемиши Сопи реагира иронично и со потсмев на најновата снимка на Бујар Османи, поранешниот министер за надворешни работи од ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, кој објави снимки од пробиените улиците со дупки во оваа скопска општина.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Порталот пишува: „Овие што се возат 20 години во автомобили со зацрнети прозорци, сега кога излегуваат на улица се чудат колку има многу дупки, колку има многу нечистотија… Е, па, не сте ги виделе тие дупки и таа нечистотија поради зацрнетите прозорци на вашите возила, а тие на улиците, таму.“ – истакна Сопи истакна во објавата на фејсбук

Реакцијата на актерот беше широко коментирана на интернетот, привлекувајќи внимание поради неговиот ироничен тон кон ДУИ и нејзиниот кандидат за градоначалник на Чаир. – објави „Актуале“.

Најнови вести од: Македонија

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top