Македонија

Клековски: Ако забележите мртва птица – пријавете!

Најчести „резервоари“ на западнонилска треска се гавраните, вели министерот за здравство

 

Министерот за здравство Сашо Клековски, вчера упати апел до граѓаните, доколку забележат мртва дива птица, особено гавран, или друга птица, да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство.

„ Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. Имаме апел за пасивно пријавување, односно сите граѓани кои ќе најдат мртва дива птица, гавран или која било друга птица, да ја пријават во Агенцијата за храна“,  рече Клековски.

Во загрозените подрачја ќе биде спроведена и засилена контрола на живината, со посебен фокус на живината која слободно се движи во близина на каналите за наводнување.

Потврдени 35 случаи на западно-нилска треска, 6 лица на интензивна нега

 

Најнови вести од: Македонија

Македонската армија слави 34-ти роденден

Со учество во меѓународни мисии, поддршка на цивилните институции, исполнување на НАТО-целите за способности и континуирана модернизација, таа останува посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

To top