Македонија

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека

Дијалогот со Бугарија за надминување на спорот и деблокирање на европските интеграции на земјава е постојан, иако неговиот интензитет варира во зависност од периодот, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија рече дека Владата од почетокот на својот мандат континуирано разговара за изнаоѓање праведно решение, во согласност со позициите на Македонија и истакна дека црвените линии на Македонија се однесуваат на историјата, идентитетот, јазикот и културата.

„Не е праведно нашите преговори постојано да заглавуваат на тема поврзана со нашиот идентитет, јазик, историја и култура“, рече Муцунски, додавајќи дека овие позиции повеќепати биле претставени и пред домашната јавност и пред меѓународните партнери.

Според него, Македонија очекува систем на гаранции од европските институции, почитување на реципроцитетот во однос на човековите права и решение што ќе ги заштити позициите на земјава поврзани со идентитетот, јазикот, културата и историјата.

Во однос на разговорите со Европската Унија, Муцунски информираше дека во изминатите неколку недели немало поконкретни активности поради периодот на колективни годишни одмори во земјите членки и европските институции.

Сепак, тој најави дека во наредниот период се очекуваат повеќе посети и разговори. Меѓу нив е и посетата на чешкиот министер за надворешни работи, при што, како што рече Муцунски, прашањето за европската интеграција на земјава се очекува да биде една од темите.

Министерот нагласи дека дијалогот треба да продолжи, но и понатаму да се води врз основа на јасно утврдените позиции на македонската страна.

Најнови вести од: Македонија

Четврти пациент починат од западнонилска треска по речиси еден месец лекување на Инфективна клиника

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Болнички згрижени се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како сомнителни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката Фадил Цана.

Сиљановска-Давкова: Македонската Aрмија е чинител на стабилност, безбедност и доверба

Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна доверливост и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката на Република Македонија и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на македонската Армија во Охрид.

To top