Македонија

Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни

Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп, доброволните пожарникари ангажирани преку ДЗС, како и сите оние кои се наоѓаа во селото Лопатица, кое синоќа беше загрозено од пламените јазици

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информираше дека пожарот во околината на селото Лопатица, кој во текот на ноќта го загрозуваше селото, е целосно изгаснат.

„Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп, доброволните пожарникари ангажирани преку ДЗС, како и сите оние кои се наоѓаа во селото Лопатица, кое синоќа беше загрозено од пламените јазици. Пожарната линија која беше видлива од регионалниот пат Прилеп–Битола е целосно изгасната. Активен е само уште еден крак високо над селото Бонче“ – изјави Ангелов.

Тој упати благодарност до прилепските пожарникари, кои во текот на ноќта со контрапожар, над една противпожарна пресека во близина на Лопатица, успеале да го запрат ширењето на огнот и да спречат негово преминување кон селото Подмоље.

Ангелов се заблагодари и на тимот за брз одговор на ДЗС, составен од пожарникари од Битола и Кочани, кои биле ангажирани на ридовите околу селата и гаснеле километарска огнена линија.

Тој изрази загриженост дека поради зголемувањето на температурите во текот на денот, на одредени делови од пожарот може повторно да се појават активни жаришта.

„ Наша задача е да внимаваме на неа. Овде има пожарникари од Прилеп, како и екипажите на двата „Пинцгауери“, кои ќе следат и доколку дојде до реактивирање, веднаш ќе интервенираат. Пожарот и од мариовската страна е изгаснат или ставен под целосна контрола. Оптимист сум дека денеска имаме можност да му го зададеме последниот удар и, можеби и на мое изненадување, целосно да го изгаснеме овој најголем пожар во сезоната“ рече Ангелов.

Тој повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни, бидејќи и најмала искра на сува трева може да предизвика сериозен пожар.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Филипче

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top