Македонија

Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница

Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата

Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница, истакна на денешната прес конеренција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

-Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата.

Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага.

Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДС и ДУИ.

Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче.

Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.

За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.

И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба.

Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев, рече Лефков.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за македонската делегација, најбројна досега на Медитеранските игри

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова.Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

МВР: „Летањето“ дронови без дозвола претставува опасност

Лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи

Најнови вести

To top