Македонија

Прекината состојбата на епидемија во Гостивар

Според новите епидемиолошки податоци, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење

Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.

Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење.

Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на водата за пиење и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата која погоди неколку илјади граѓани.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов вчера информира дека според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење.

– Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода – рече Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top