Македонија

Внук од сопруг на актуелна пратеничка најави кандидатура за градоначалник на општина Брвеница

Дали Даути ќе се повлече од пратеничката функција ако нејзиниот внук ги загуби изборите како што се повлекла од висока партиска функција пред 4 години кога АА доживеа дебакл во Тетово

Насер Зенуни од Алијансата за Албанците на Зијадин Села ја објави кандидатурата за градоначалник на општина Брвеница.

Во оваа општина мора да се одржат избори за градоначалник по смртта на Јовица Илиевсли кој почина во Јуни.

,,Храброст да се започне она што Брвеница го чекаше долго време”, објави Зенуни најавувајќи дека влегува во битка за општински татко на Брвеница.

Зенуни во Брвеница е познат како внук од сопругот на Илире Даути, пратеничка на Алијансата за Албанците.

Зенуни на социјалните мрежи споделува објави со неговата блиска роднина.

Дел од албанските фактори сега иронично прашуваат дали Даути ќе се повлече од пратеничката функција ако нејзиниот внук ги загуби изборите како што се повлекла од висока партиска функција пред 4 години кога АА доживеа дебакл во Тетово.

Пратеничката на Алијанса за Албанците, Илире Даути, во 2022 година соопшти дека понесла оставка од функцијата координатор на пратеничката група на партијата во Собранието.

Пратеничката тогаш ја соопшти одлуката на својот фејсбук-профил, а како причина ги наведе слабите резултати на Алијанса за Албанците на изборите за Совет на Општина Тетово, на кои нејзината партија не освои ниту еден мандат.

„Резултатот на последните локални избори, а уште повеќе многу слабиот резултат за Советот на Тетово, ме погоди и мене, а мојата совест како пратеник од шестата изборна единица не го надминува тоа и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, ве информирам дека штотуку поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, единствена титула што ја имам во моментов од политичкиот субјект. Вам кои верувавте во мене континуирано, сакам да ви кажам благодарам од се срце, ако можете продолжете да верувате во мене затоа што јас силно верувам во вас“, објави тогаш Даути.

Најнови вести од: Македонија

Зошто Османи ја лаже јавноста користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Вирусот „Западен Нил“ се шири низ Европа, најмногу во Италија и Грција

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). 

ВМРО ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните болници, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

„За пожарот, кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септември, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока. Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка. Па сега обвинителот Ислам Абази да каже дека Филипче не бил виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Првиот Скопски партизански одред како прва единица на НОВ на Македонија во борбата против фашистичките окупатори – 85 години од формирањето

На денешен ден пред 85 години е формиран Првиот скопски народноослободителен партизански одред — прва партизанска единица на НОВ во Македонија. Формиран е на 22 август 1941 година кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк и опстојува до 2 ноември 1941 година кога се самораспуштил. Прв командант на одредот бил Чедомир Миленковиќ, а потоа, од 18 до 31 октомври, Љубомир Лековиќ. Политички комесар на одредот бил Даме Крапчев. Првиот Скопски партизански одред на почетокот бил составен од 12 припадници. Но подоцна нивниот број се зголемил на 42 борци од различна етничка припадност – Македонци, Срби, Албанци, Турци, Црногорци, Хрвати и Чеси. Сите тие се обединиле околу една единствена идеја – слободата, заради ослободување од фашистичкиот окупатор. Диверзантските акции биле основен белег на предпартизанскиот период и токму членовите на скопските диверзантски групи го сочинувале јадрото на првиот Скопски партизански одред. Денешната 85-та годишнина од формирањето на овој партизански одред е соодветна пригода за должно потсетување на јуначките дела на припадниците на оваа партизанска формација: Чедомир Миленковиќ, Дане Крапчев, Боте Боцевски, Невена Георгиева – Дуња, Раде Јовчевски – Корчагин, Благој Деспотовски – Шовељ, Стерјо Кранго – Дучо, Боро Ончевски, Боро Трајковски – Ѓуро, Ацо Смилковски, Павле Момчиловиќ и Светозар Томиќ. Од вкупно 42 партизани на одредот, 17 го загубиле животот во текот на Втората светска војна. По војната тројца борци од одредот – Раде Јовчевски – Корчагин, Боро Петрушевски и Александар Урдаревски – се прогласени како народни херои.

Денеска ќе се одржи 39. Охридски пливачки маратон – ќе пливаат 16 маратонци од Македонија и светот

Стартот на маратонот е предвиден во 11 часот од Свети Наум, а целта е на Градското пристаниште во Охрид, околу пет часа по стартот, зависно од условите на патеката. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина, од кои 11 се во машка и пет во женска конкуренција,  ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Пеколна ноќ кај тетовското планинско село Церово: Пожарникарите цела ноќ во битка со огнената стихија

Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај селото Церово во селската општина Желино, во тетовскиот регион. Церово се наоѓа на западните падини на Сува Гора, на надморска височина од 780 метри. Раководните лица на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Тетово беа на теренот и директно ја координираа состојбата со пожарот, за да се спречи негово натамошно ширење кон околината.

Најнови вести

To top