Македонија

Денеска пак топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до средна облачност. Попладне, во некои делови од котлината ќе има услови за краткотрајни обилни дождови и грмежи.

Ќе дува слаб до среден ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, додека максималната ќе достигне 37 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top