Свет

Земјотресот на Камчатка „разбуди“ вулкан (ВИДЕО)

Кључевскаја Сопка е еден од највисоките вулкани во светот

Еруптираше вулканот „Кључевскаја Сопка“ на рускиот полуостров Камчатка по силниот земјотрес,  соопшти службата за геолошки истражувања, пренесува Ројтерс.

Во соопштение објавено на Телеграм, Геофизичката служба на Руската академија на науките соопшти:

„На западната падина е забележано спуштање на жешка лава. Има силен сјај, експлозии над вулканот.“

Сместен околу 450 км северно од регионалниот главен град Петропавловск-Камчатски, Кључевскаја Сопка е еден од највисоките вулкани во светот.

Еруптирал неколку пати во последните години.

Земјотресот кој го потресе полуостровот Камчатка бил со јачини од 8,8 степени на рихтеровата скала и предизвика цунами што создаде паника во земјите во таканаречениот „огнен појас“ во Пацификот.

Високите бранови ги погодиле Хаваи, а сигнале и до Калифорнија, јавија агенции.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top