Македонија

Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија

Проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот.

Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот.

  • “Навистина е убаво кога се почнуваат нови проекти и кога се гледа нешто што во следните неколку години ќе донесе дополнителен развој, едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар – и уште повеќе зацврстување на Македонија како една раскрсница на Балканот. Кога оваа Влада беше формирана во 2024-тата година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 – се пресекуваат, а на нив се надоврзуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6”, истакна вицепремиерот Николоски.

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес беше присутен на камен-темелникот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце од 10,5 километри кој што ќе ја поврзе земјата со соседот.

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Проектот вреден над 198 милиони евра го гради домашната компанија „Гранит“, а треба да донесе подобра сообраќајна поврзаност со Косово и излез до пристаништата во Драч и Бар. Курти е во официјална посета на Скопје, а неговата агенда започна со овој настан.

Најнови вести од: Македонија

Симов: Да бидеш против дата центар е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во објава на Фејсбук вели да се биде против дата центар денеска е исто како да се биде против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години.

Во Грција годинава изречени 741 казна од 1,2 милиони евра за предизвикување пожари и биле уапсени 314 лица

Од 1 јануари годинава до денес според податоците од противпожарната служба на Грција, 89 отсто од случаите се однесуваат на пожари предизвикани од невнимание, за што биле уапсени 279 лица, а 35 лица (11 проценти) биле уапсени за намерно предизвикани пожари.

До 12.000 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија годишно изложени на сексуална злоупотреба преку интернет!

До 12.000 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија во период од една година може да биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, покажуваат алармантните резултати од истражувањето „Прекинување на штетата“ („Disrupting Harm“).

Најнови вести

To top