Македонија

ДУИ бара нов конкурс за прием во средното полициско училиште

Само 11 отсто од 310 кандидати биле од немнозинските заедници

ДУИ обвинува дека власта систематски ги исклучува Албанците од структурите на редот и безбедноста, откако, според партијата, од 310 примени кандидати во средното полициско училиште, само 11 отсто се припадници на немнозинските заедници.

Од ДУИ велат дека учеството на Албанците меѓу примените кандидати е помало од три отсто, поради што бараат конкурсот да биде повторен и да се почитува принципот на правична и соодветна застапеност на сите заедници.

„Истовремено, бараме во структурите на полицијата, редот и безбедноста да се воспостават јасни, мерливи и задолжителни механизми за правична и соодветна застапеност, од регрутирањето до раководните позиции. Не може да се дозволи она што се градеше со години да биде поништено за само две години и Албанците да бидат сведени на институционален декор“, велат од ДУИ.

Инаку МВР вчера ја објави конечната листа на примени 310 ученици во Средното полициско училиште „7 Мај“ кое се враќа по 26 години во Македонија. Според надлежните, сите ученици мораа да поминат 4 фази, земена предвид била висината а и со секое дете поединечно се правело интервју.

Објавена конечната ранг-листа за Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Најнови вести од: Македонија

Новинарот Бранко Героски пријави закана: Загрижен сум за безбедноста моја и на моето семејство

Новинарот Бранко Героски соопшти дека го известил директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, за закана што, според него, му била упатена преку социјалната мрежа Фејсбук и која кај него предизвикала загриженост за сопствената и за безбедноста на неговото семејство.

To top