Македонија

Отпор во Бугарија за државната награда „Никола Вапцаров“ – бил „антибугарин“ и „македонист“

Атлантскиот совет на Бугарија и здружението „Сеќавање за утре“ бараат јавна расправа за „контроверзниот“ поет и револуционер

Атлантскиот совет на Бугарија и здружението „Сеќавање за утре“ ја оспоруваат одлуката на Министерството за култура годинава првпат да ја додели државната награда за поезија „Никола Вапцаров“, воведена во 2023 година, поради антибугарските и промакедонски ставови на револуционерот и поет стрелан од бугарската фашистичка власт на 23 јули 1942 година во Софија.

„Македонското прашање не е споредна епизода. Во Македонскиот литературен кружок во Софија, Вапцаров учествувал во средина во која се дискутирала иднината на Македонија во согласност со политиката на Бугарската комунистичка партија и изјавите на Коминтерната за посебен македонски национален идентитет. Песни како ‘Земја’, неговите изјави и неговите активности во кружокот денес се користат од официјалната литературна традиција во Република Северна Македонија за да го претстават како ‘македонски’ поет и дел од посебно национално наследство, и покрај бугарската јазична и културна средина во која е роден, образован и творел.

Затоа, Министерството за култура мора да објасни како Вапцаров може да се прогласи за обединувачки патрон на бугарската поезија, додека политичките и литературните аспекти на неговата биографија служат за оспорување на бугарската историска и културна припадност на народот од Пиринска Македонија. Неговото име не може да се воздигне како државен симбол без јасна дистинкција од рускиот и коминтерновскиот проект за национален инженеринг во Бугарија и во Македонија“, реагира Атлантскиот совет на Бугарија, поддржувајќи го барањето од „Сеќавање за утре“ за отворање јавна расправа за „ликот и делото“ на Вапцаров пред да биде врачено признанието.

Двете организации го оспоруваат и ставањето на Вапцаров на рамништето на Христо Ботев, за кој една година по Јонков е воведена државна награда за поезија и публицистика, со тоа што и двете признанија се наградуваат со по 5.112 евра.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top