Свет

Исланѓаните (не)сакаат во ЕУ

Од досега преброените гласови 50,1 процент од гласачите се против продолжувањето на преговорите со ЕУ, додека 49,9 проценти се „за“

 

Опцијата „против“ продолжување на преговорите за пристапување во ЕУ е во предност, покажаа најновите резултати по вчерашниот референдум за продолжување на преговорите со Унијата кои бе запрени во 2013-та.

Но, многу малите разлики укажуваат дека конечниот исход од референдумот ќе биде познат дури откако ќе бидат преброени сите гласови.

Засега, 50,1 процент од гласачите се против продолжувањето на преговорите со ЕУ, додека 49,9 проценти се „за“.

Трамп ги меша Гренланд со Исланд. Сега Исланѓаните се вртат кон ЕУ!

Приврзаниците на кампањата „за“ нагласија дека приклучувањето кон ЕУ ќе ги намали високите каматни стапки со кои Исланд се бори долго време и ќе ја зголеми безбедноста на земјата во свет потресен од руската агресија во Украина и реториката на Трамп за барањето за најголемиот остров во светот, Гренланд.

Од друга страна, кампањата „против“ предупреди дека членството во ЕУ ќе го загрози суверенитетот на земјата, како и контролата врз риболовните области кои играат клучна улога во исландската економија.

Каматните стапки, рибарството и трошоците за живот беа во фокусот на кампањата за референдумот. Целосните резултати можеби ќе треба да почекаат до пладне, рекоа раководителите на изборната комисија.

Најнови вести од: Свет

To top