Македонија

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конверенција.

„Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа.

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.

Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар“, кажа Лефков.

„Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни.

Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично.

Оттука евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци“,истакна пратеникот Миле Лефков.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top