Жена од Сиднеј, која преживеала напад од голема бела ајкула, ја опишала својата борба , и успеа да преживее откако постојано ја удирала по глава ајкулата долга четири метри.
Лија Стјуарт, 34, останала под вода на плажата Куги во јуни откако ајкулата ја каснала за бутот и рацете. Изгубила многу крв, а повредите биле толку тешки што лекарите морале да ѝ ја ампутираат левата рака, објави Би-Би-Си.
Во интервју емитувано вчера, Лија, мајка на едно дете изјавила дека била решена да преживее заради својата ќерка. „Нема да ме однесете од мојата ќерка“, помислила откако била нападната.
Се свртев и почнав да ја удрам, одново и одново. Го опиша лицето на ајкулата како „ужасно“, со „мали црни очи како топчиња“ и „огромна“ уста и заби. „Бевме очи во очи“, рече Стјуарт. Во еден момент, ајкулата била на само 30 сантиметри од нејзиното лице.
Но, таа останала смирена. „Јас сум деснак, па си помислив: „Ајде да одиме со лево кроше“, раскажува таа:
Замавнав со левата рака, а таа ме зграпчи за подлактицата и почна да ме кине. Ми ја искина кожата, мускулот, сè. Имаше голема дупка помеѓу подлактицата и раката“, рече таа.
Потоа ајкулата почна да ја влече под вода, држејќи ја за ногата. „Помислив: „Готово е, ќе умрам вака“, раскажа Лија.
Борбата со ајкулата беше „како да удираш во ѕид од тули“, но таа не се откажа. „Веројатно еднаш ја удрив многу силно и ме пушти.
Другите пливачи ја извлекле на брегот и таа била итно однесена во болница. Лекарите ја ставиле во индуцирана кома и беше подложена на серија од речиси десетина операции.
И покрај нејзиното страшно искуство Лија вели дека не сака да биде запаметена како „девојката што беше нападната од ајкула“. „Јас сум жената што избоксира ајкула во главата“, рече таа.
Преку социјална мрежа за нејзино опоравување биле собрани повеќе од 558.925 долари од јуни.