Хроника

Две казни со вкупно 3 илјади евра за Д.П. (34) од Србија, оти возел двапати побрзо од дозволеното!

Српски државјанин ќе плати вкупно 3.000 евра откако во два наврати бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Станува збор за 34-годишниот Д.П., кому му биле изречени две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Тој бил приведен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти земјата. При проверката на возило „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека претходно двапати бил евидентиран со екстремно висока брзина.

На 22 јули, во близина на Демир Капија, тој возел со 163 километри на час, а на 20 август на истата делница бил регистриран со брзина од 169 километри на час. Во двата случаи дозволената брзина била 80 километри на час.

По приведувањето, Д.П. бил спроведен во Полициската станица Неготино за понатамошно постапување.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top