Македонија

Мицкоски и Николоски со воз од Зелениково до Скопје

Тие ќе бидат придружувани, раководствата на железничките претпријатија  „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и дел од скопските градоначалници

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска симболично ќе го означат почетокот на проектот „Градски воз“.

Премиерот и министерот ќе бидат придружувани, раководствата на железничките претпријатија  „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и дел од скопските градоначалници денеска ќе патуваат со воз од железничката станица  Зелениково до Нова железничка станица Скопје со што официјално ќе го промовираат проектот „Градски воз”, што стартуваше со ставањето во функција на оваа железничка линија.

Во рамки на настанот, предвидено е владиниот врв, заедно со претставници на железничкиот сектор и локалната самоуправа, да патува со воз од Железничката станица во Зелениково до Новата железничка станица Скопје.

На патувањето ќе присуствуваат и директорот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ Синиша Ивановски и директорот на „МЖ Транспорт“ Дејан Кошутиќ.

Проектот „Градски воз“ има за цел да овозможи подобро поврзување на Скопје со околните населени места и да понуди дополнителна можност за превоз на граѓаните, особено за оние кои секојдневно патуваат кон главниот град.

Со воведувањето на градскиот железнички превоз се очекува да се поттикне користењето на железницата како алтернатива на патниот сообраќај, со што би се намалиле сообраќајниот метеж и оптовареноста на градските сообраќајници.

Симболичното патување од Зелениково до Скопје треба да го означи почетокот на активностите поврзани со проектот и да ја нагласи улогата на железничкиот превоз во подобрувањето на јавниот транспорт во скопскиот регион.МИА

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top